Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2012

Анри: Ова е неверојатно!

Францускиот фудбалски ветеран, 34-годишниот Тиери Анри имаше херојско враќање во редовите на неговиот омилен клуб Арсенал во натпреварот од третото коло на ФА купот против второлигашот Лидс.

По четири и пол години откако го одигра последниот натпревар за Арсенал, најдобриот стрелец во историјата на „топчиите“ вчера на „Емирати“ повторно им се претстави на навивачите во најдобро светло, постигнувајќи го во 78-та минута единствениот гол за минималната победа од 1-0 и продолжување понатаму, и тоа само по десет минути откако влезе во игра.
„Ова е неверојатно. Откако се вратив од празниците, не мислев дека повторно ќе играм за Арсенал, а сега постигнав победнички гол. Го сакам овој клуб, не знам што да кажам. Сакав само да му помогнам и се надевам дека ќе можам да направам и повеќе“, рече Французинот.
„Чувството кога го дадов голот беше неверојатно. Да постигнете гол за клубот за кого навивате е прекрасно. Ова е прекрасна шанса. Никогаш не знаете кога ќе добиете друга, и затоа беше важно да се искористи“, додаде Анри.

Најнови вести