Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2011

Шарапова се пласираше во полуфиналето на „Вимблдон“

Руската тенисерка Марија Шарапова се пласираше во полуфиналето на „Вимблдон“, совладувајќи ја Доминика Цибулкова од Словачка.

Шарапова против Цибулкова славеше со 6:1, 6:1 по само еден час игра.

Победничката на „Вимблдон“ од 2004 година во полуфиналето ќе се сретне со Сабина Лисички од Германија, која успеа да ја совлада Французинката Мерион Бартоли во три сета - 6:4, 6:7, 6:1.

Од почетокот до крајот на мечот Шарапова доминираше, сè и одеше од рака, па со тоа покажа дека по неколкуте изненадувања во женска конкуренција сега е најголем фаворит за освојување на титулата.

Од друга страна, Цибулкова разочара, одигра многу послабо отколку во претходната рунда против првата тенисерка на светот Каролина Возњацки и на крајот беше убедливо поразена.

Најнови вести