Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2016

Исинбаева: Официјално ја погребавте атлетиката

Руската атлетичарка и двократен олимписки шампион Елена Исинбаева е разочарана од одлуката на Меѓународниот суд за спортска арбитража (ЦАС).

Исинбаева истакна дека одлуката на ЦАС да им се забрани на руските атлетичари учеството на Олимписките игри ви Рио претставува „погребување на атлетиката“, пренесува агенцијата Тас. 
Секретарот на претседателот на Русија, Димитриј Песков, изјави дека одлуката на Спортскиот арбитражен суд за руските атлетичари е лоша вест, како и дека одговорните служби ќе ја анализираат ситуацијата. 
„Може недвосмислено да се изрази жалост поради оваа одлука која се однесува на сите атлетичари, бидејќи темата за колективната одговорност од нашата точка на гледање е тешко прифатлива. Се работи за атлетичарите кои се подготвуваат за Олимписките игри, кои немаат никаква врска со допингот, никаква врска со обвинувањата или сомневањата,нивните допинг тестови се проверуваа од страна на антидопинг организацијата“, изјави Песков а пренесува „Ројтерс“. 

Најнови вести