Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2016

Србија и САД ќе се борат за кошаркарското злато во Рио

Во големото финале на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе играат репрезентациите на Србија и на САД.

Кошаркарите на САД во полуфиналето ја победија Шпанија со 82:76 и се пласираа во финалето на Олимписките игри во Рио. Шпанците одиграа одличен натпревар, но тоа не беше доволно да го поразат „дрим-тимот“ на САД.
Во вториот полуфинален натпревар српската репрезентација убедливо ја совлада Австралија со 87:61 и со тоа се избори за ново финале со репрезентацијата на САД, со кој пред две години играше за златниот медал на Светското првенство во Шпанија, кога Американците победија со убедливи 129:92.
Триото Богут, Делавода, Милс целосно беше сопрено, Србија фантастично преземаше, Стефан Марковиќ одигра уште еден одличен натпревар, а покрај тоа и скокот беше на страната на Србите. Таквата игра на Австралија и донесе само 14 поени на полувремето (35:14), а натпреварот дефинитивно беше решен во третата четвртина, по која српската репрезентација имаше 66:38.
На средината на последната четвртина беше и највисока разликата, +31, па тимот на Александар Ѓорѓевиќ неочекувано лесно стигна до второто финале на последните три големи натпреварувања.
Во натпреварот во групната фаза Србија беше блиску до сензација против САД со 94:91, а финалето се игра утре во 20:45 часот.

Најнови вести