Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2018

Комбинацијата поместена – Шифрин се откажа од спустот

Американката Микаела Шифрин отпатува во Пјонгчанг со надеж дека ќе освои пет златни медали, но пред последниот викенд од Зимските олимписки игри се надева дека ќе има барем два.

Најдобрата скијачка на денешницата триумфираше во велеслаломот, а потоа во слаломот беше четврта. Го пропушти супервелеслаломот, а денес објави дека нема да учествува ниту во спустот.
На утринскиот тренинг на спустот имаше многу добар резултат, со што обезбеди едно од четирите места резервирани за натпреварувачките од Америка.
„Колку и да сакав да се натпреварувам во спустот, со промената на распоредот, морав да се откажам. Важно ми е да се фокусирам на комбинацијата и да се подготвам. Ќе ги поддржувам моите сонароднички во таа трка и со нетрпение ја очекувам комбинацијата“, се наведува во соопштението на Шифрин.
Организаторите на Зимските олимписки игри имаа многу проблеми со одржувањето на трката во алпско скијање, па првите во женска конкуренција се возеа дури на 15-ти февруари.