Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2018

Гоџа го освои златниот медал во спустот, Линдзи Вон бронзениот

Италијанската скијачка Софија Гоџа го освои златниот медал во спустот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Гоџа стана првата Италијанка која освои златен медал во спустот на Игрите, а до тој резултат дојде откако патеката долга 2.275 метри во скијачкиот центар „Јеногсеон“ ја заврши за една минута, 39 секунди и 22 стотинки.
Сребрениот медал го освои Норвежанката Рагнхилд Мовинкел со заостанување од девет стотинки, а бронзениот медал со заостанување од четири стотинки ѝ припадна на Линдзи Вон, некогашната олимписка шампионка во оваа дисциплина од САД.
Тини Вајратер од Лихтенштајн го пропушти медалот и заврши на четвртото место кога на крајот заостана со 63 стотинки, додека на петтото место беа Американката Алис Мекенси и Швајцарката Карин Зутер.
Последната индивидуална трка на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ќе се скија утре, за кога е закажана алпската комбинација, која поради предвидените лоши временски услови, е преместена за еден ден порано.