Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2018

Историја: Ледецка го зеде златото и во сноуборд

Чехинката Естер Ледецка испиша историја на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

По освојувањето на златниот медал во алпско скијање, таа стана прва натпреварувачка која стигна до златото во паралелниот слалом и во сноубордот.
Таа во финалето беше подобра од Германката Селина Јерг.
Истовремено беа поделени и златните медали во машка конкуренција – бронзениот отиде во Словенија, кај Жан Кошир, сребрениот на домаќинот му го донесе Ли Сангхо, додека нов олимписки шампион стана Невил Галмарини од Швајцарија.