Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2018

Русите лесно со Американците за четврт-финале

Руските хокејари под олимпиското знаме ги победија Американците со 4-0 во дербито на групата Б на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Русите поведоа во првата третина со погодокот на Николај Прохоркин.
Тоа беше само почеток бидејќи хокејарите под олимпиското знаме и во втората ја продолжија нивната доминација на мразот, која ја крунисаа со уште две плочки во мрежата на противникот.
Прохоркин во вториот период уште еднаш беше прецизен и Рајан Заполски по втор пат капитулираше, а потоа тој дел од играта со гол го затвори Илија Ковалчук само на две стотинки до крајот за 3-0.
Во последната третина Ковалчук уште еднаш се запиша во листата на стрелците, а Американците беа целосно поразени. Русија под олимпиското знаме се наоѓа на првото место во групата Б и директно оди во четврт-финалето, како и Чешка и Финска како првопласирани во нивните групи.
Ним им се придружуваат Швеѓаните како најдобра второпласирана селекција, додека Американците, Словенците и останатите низ осминафиналето ќе се борат за пласман во следната рунда.

Најнови вести