Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2011

Гетце ќе го пропушти мечот против Белгија

Јоахим Лев, селекторот на репрезентацијата на Германија, му даде одмор на играчот за врска Марио Гетце и нема да го повика за последниот меч од квалификациите за Европското првенство, против Белгија утре.

„Гетце одигра многу натпревари во минатата сезона, а го чекаат уште многу за Борусија Дортмунд, така што, едноставно, одлучивме да го одмориме“, рече помошник-тренерот на репрезентацијата Ханси Флик.
Германија е прва во групата А и веќе се пласира за турнирот во Полска и Украина следната година, со девет победи во девет натпревари.
„Многу сериозно му приоѓаме на мечот и ќе се обидеме да забележиме и десетта победа. Должни сме да дадеме сè од себе“, додаде Флик.
Белгија е на второто место и со уште една победа би го обезбедила второто место и пласман во баражот. Трета е Турција, со еден бод помалку, а во последното коло го дочекува Азербејџан.

Најнови вести