Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2015

Ѓорѓевиќ ќе паузира околу шест седмици

Филип Ѓорѓевиќ, напаѓачот на Лацио, го повредил бутниот мускул, поради што ќе мора да паузира.

Ѓорѓевиќ минатиот викенд на Лацио му ја донесе победата над Фрозиноне, каде што освен гол, заработи и модринка на окото.
Но, тоа не е единствениот проблем за српскиот напаѓач, тој го повредил и адукторот на бутниот мускул на десната нога. Доколку станат реални шпекулациите на медиумите, тој би можело да паузира од 30 до 40 дена.
Лацио по седум одиграни кола, се наоѓа на третото место на табелата во Серија А со 15 бодови, три помалку од лидерот Фиорентина, а по репрезентативната пауза, гостува кај Сасуоло.

Најнови вести