Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2015

Вардар во група со европскиот првак Барселона

Актуелниот европски првак Барселона ќе биде противник на Вардар во групната фаза во ракометната Лига на шампионите.

Покрај Барселона, во истата група се и екипите на Кјелце, Колдинг, ПИК Сегед, Рајн Некар, Кристијанстад и Монпелје.
Европскиот шампион и пред две сезони беше во група со Вардар, а во Скопје ќе се „вратат" и Кјелце, Рајн Некар и Монпелје.
Според новиот систем за играње, од привилегираните групи А и Б, првите шест продолжуваат понатаму, првопласираните директно во четврт-финале, а екипите од второ до шесто место во осминафинална пресметка. Ним ќе им се приклучат две екипи од Ц и Д групите, односно екипи кои ќе завршат на прво и второ место во овие групи.
Новата сезона почнува во средината на септември со првото коло, во кое Вардар гостува во Франција кај Монпелје.
Вториот наш претставник во Лигата на шампионите, Металург, ќе игра во групата Д во која се украинскиот Мотор Запорожје, данскиот Скјерн, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, Баја Маре од Романија и победникот на квалификацискиот турнир.
Македонскиот вицепрвак натпреварите ќе ги почне на гости кај Металург Запорожје.

Група А: Кил, Веспрем, ПСЖ, Целје, Висла, Загреб, Бешикташ, Флензбург
Група Б: Барселона, Кјелце, ВАРДАР, Колдинг, ПИК Сегед, Рајн Некар, Кристијанстад, Монпелје
Група Ц: Ла Риоха, Мешков, Чеховски медведи, Порто, Војводина, Татран
Група Д: Металург, Скјерн, Мотор Запорожје, Кадетен, Баја Маре, квалификант

Најнови вести