Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2015

Миранда во Интер за 15 милиони евра

Интер од Милан се договорил со Атлетико Мадрид за трансфер на одбранбениот фудбалер на „јорганџиите“ Миранда, вреден 15 милиони евра.

Бразилскиот репрезентативец настапуваше претходните четири сезони на „Висенте Калдерон“ и за тоа време ја освои титулата во Примера, Кралскиот куп и во Лигата на Европа.
Триесет годишниот Миранда, кој во моментов е на Копа Америка во Чиле, треба да потпише тригодишен договор со „нероаѕурите“ со кој би заработувал 2,7 милиони евра по сезона.
„Интер е одличен клуб, еден од најголемите во Европа, но можам да зборувам само за Атлетико со кој имам договор на уште една година“, изјави Миранда за „Газето дело спорт“.

Најнови вести