Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2015

Симеоне: Атлетико во контакт со агентот на Тевес

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, изјави дека клубот е во контакт со агентот на Карлос Тевес.

На Аргентинецот му останува уште една година од договорот со Јувентус, а Симеоне смета дека неговиот земјак би бил идеално засилување за екипата на „јорганџиите“.
„Немав шанса да разговарам со Тевес, но клубот разговараше со неговиот агент“, изјави Симеоне.
„Секогаш е одлично во тимот да се имаат играчи каков што е Тевес. Неговиот придонес не се мери само според бројот на постигнати голови. Со својот темперамент би бил идеален за Атлетико, имајќи предвид колку тој и клубот го сакаат фудбалот“, додаде Симеоне.
Цел на Атлетико е уште еден аргентински напаѓач, Лусијано Вјето од Вилјареал.

Најнови вести