Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2015

Шкртел суспендиран на три натпревари

Мартин Шкртел, стоперот на Ливерпул, е суспендиран на три натпревари поради тоа што го згазна Давид де Хеа, потврди Фудбалската асоцијација на Англија.

На словачкиот фудбалер му е одбиена жалбата, така што нема да може да игра во наредните натпревари со Арсенал и Њукасл во Премиер лигата, односно со Блекбурн во ФА купот.
Неспортскиот гест на Шкртел на натпреварот со Манчестер јунајтед не го виде судијата Мартин Аткинсон, но сè беше забележано со камерите.

Најнови вести