Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2015

Шкртел обвинет поради тоа што го згазна Де Хеа

Мартин Шкртел, дефанзивниот играч на Ливерпул, е обвинет за насилно однесување поради тоа што го згазна Давид де Хеа, голманот на Манчестер јунајтед, во текот на натпреварот во неделата.

Словачкиот фудбалер ја бркаше топката во казнениот простор на „црвените ѓаволи“ при крајот на натпреварот, кога го згазна Де Хеа на листот.
Судијата Мартин Аткинсон не го виде тоа и само неколку минути подоцна го означи крајот на натпреварот, но Фудбалската асоцијација на Англија ја прегледала снимката и одлучила да покрене постапка против Шкртел, кому му се заканува суспензија на три натпревари.
Сличен инцидент се случи во воведните моменти на вториот дел, а тогаш Стивен Џерард, капитенот на Ливерпул, кој само што влезе во игра по полувремето, го згазна Андер Ерера и заработи црвен картон.
Поради тоа, Шкртел и Џерард ќе пропуштат клучни натпревари за Ливерпул, гостувањето кај Арсенал во Премиер лигата и реваншот од четврт-финалето на ФА купот со Блекбурн.
„Црвените“ моментно имаат пет бодови помалку од Манчестер јунајтед, кој го држи последното место кое води во Лигата на шампионите, а пораз од Арсенал би значел крај на надежта дека Ливерпул би можел да заземе едно до првите четири места во оваа сезона.

Најнови вести