08.1.2015 Крамариќ во Лестер за 12,7 милиони евра
Хрватскиот фудбалер Андреј Крамариќ, кариерата ќе ја продолжи во англискиот премиерлигаш Лестер, соопшти Риека.
Крамариќ со Лестер потпишал договор на три и пол години, а трансферот ќе биде целосно завршен кога 23-годишниот напаѓач ќе добие работна дозвола.
Тој кариерата ја почна во Динамо од Загреб, една сезона играше и за Локомотива, од која се врати на „Максимир“, но „сините“ повторно го продадоа, овој пат на Риека за 1,2 милиони евра.
Оваа сезона одигра 20 натпревари и постигна 17 голови за тимот од „Кантрида“. Во меѓувреме дебитираше за репрезентацијата на Хрватска и на четири натпревари постигна два погодока.
Вредноста на трансферот не е соопштена, но медиумите од Островот шпекулираат дека Риека од продажбата на играчот заработила десет милиони фунти (околу 12,7 милиони евра).