Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2014

На Парма ѝ е одземен бод поради лошите финансии

Фудбалскиот сојуз на Италија ја казни Парма со одземање бод поради лошата финансиска ситуација во клубот, неплаќање данок и неисплатена заработка на играчите и стручниот штаб.

Парма е казнета и парично со 5.000 евра, а таа сума ќе мора да ја платат челниците на клубот Томасо Гиради и Пјетро Леонарди, на коишто им е изречена двомесечна суспензија.
Екипата на Роберто Донадони во неделата, на домашен терен изгуби од Лацио со 2-1 и се наоѓа на последното место на табелата на Серија А со пет бодови.
Фудбалскиот сојуз на Италија пред шест месеци на Парма ѝ ја одзеде лиценцата за учество во Лигата на Европа поради долг кон играчите на заем во износ од 300.000 евра.

Најнови вести