Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2014

Суспензија на четири меча за Валеро

Дисциплинската комисија на италијанската Серија А го казни играчот на Фиорентина Борха Валеро со суспензија на четири натпревари поради исклучувањето на првенствениот натпревар со Парма.

Натпреварот заврши со реми 2-2, а Шпанецот доби црвен картон по судирот со Џани Мунари. Играчот на Парма, исто така, мораше да оди во соблекувална.
Мунари доби еден натпревар суспензија, а Валери е поостро казнет затоа што се обиде физички да се пресмета со судијата. Тој поради казната ќе ги пропушти првенствените натпревари против Лацио, Јувентус, Киево и Наполи.
Средбата порано ја заврши уште еден фудбалер на Фиорентина, Модибо Дијаките, но поради два жолти картони, што автоматски значи дека ќе паузира на еден натпревар.


Најнови вести