Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2014

Претседателот на Парма го продава клубот

Претседателот на Парма, Томазо Џирарди, ќе се повлече од должноста и ќе го продаде клубот откако остана без местото во Лигата на Европа поради неплатен данок.

„Вие, фудбалските луѓе треба да се засрамите. Ни го одземавте заслужениот успех кој го остваривме на теренот“, изјави Џирарди за италијанските медиуми.
Парма во четвртокот го изгуби спорот околу одлуката да ѝ биде одземена лиценцата за европските натпреварувања, а нејзиното место го зазема Торино.
Клубот ја изгуби лиценцата поради неплаќање данок во висина од 300.000 евра.
„Само глупав човек може да помисли дека јас сум сакал да ја заштедам таа сумa, која е 0.6% од клупскиот долг“, заврши Џирарди.

Најнови вести