03.9.2011 Пауза од шест недели за Ван дер Варт
Офанзивниот играч за врска на Тотенхем, Рафаел Ван дер Варт, ќе биде надвор од терените шест недели откако по лекарските прегледи му е дијагностициран пукнат мускул на задната ложа.
„Рентгенските снимки потврдија дека е напукнат мускул на задната ложа кај Рафаел Ван дер Варт“, се вели во соопштението на официјалната интернет страница на Тотенхем.
Холанѓанецот се здоби со повредата за време на премиерлигашкиот дуел против Манчестер сити минатото коло, во кој Тотенхем беше поразен со 1-5. Поради оваа повреда полушпицот на „спарси“ ќе ги пропушти натпреварите против Вулверхемптон, Ливерпул, Виган и Арсенал во Премиер лигата, како и ПАОК и Шемрок во Лигата на Европа.