31.7.2014 Пандев го напушта Наполи
Нашиот фудбалер Горан Пандев најверојатно ова лето ќе го напушти Наполи и кариерата ќе ја продолжи во Кина, пренесоа италијанските медиуми.
Како што пишуваат медиумите, Пандев е сè поблиску да си замине од стадионот „Сан Паоло“, а посебно по доаѓањето на Мичу од Свонси.
Неколку клубови од Европа беа заинтересирани за Пандев, но тој е најблиску до заминување во Кина. Но, не е објавено името на тој кинески клуб.
Триесет и едногодишниот Пандев во Наполи е од 2011 година, а во кариерата играше и за: Беласица, Интер, Анкона и Лацио.