Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2014

Големи проблеми за Ван Хал пред Мексико

Репрезентацијата на Холандија се соочува со големи проблеми пред осминафиналето на Мундијалот против Мексико - дури петмина фудбалери имаат проблеми со повреди.

Тренингот со екипата го пропуштија Стефан де Вреј, Далеј Блинд, Најџел де Јонг, Арјен Робен, Бруно Мартинс Инди и Лерој Фер.
Де Вреј, Блинд, Де Јонг и Робен само трчаа покрај теренот на спортскиот комплекс „Фламенго“, Инди тренингот го помина само шутирајќи на голот на Јаспер Силесен.
Лерој Фер, кој ја повреди тетивата на тренингот по средбата со Чиле, не се ни појави на теренот.
Натпреварот меѓу Холандија и Мексико се игра утре во 18 часот.

Најнови вести