28.5.2014 Соријано нов тренер на Еспањол
Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Гонзалез Соријано е именуван за нов тренер на Еспањол.
Тој потпишал договор на две години, а на клупата на екипата од Барселона ќе го замени Мексиканецот Хавиер Агире.
Соријано во текот на кариерата го носеше дресот на Оспиталет, Еспањол, Ла Коруња и Леванте, додека минатата година го водеше резервниот тим на Еспањол.
За репрезентацијата на Шпанија одигра 11 натпревари.