Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2014

Примера без Барселона и Еспањол ако се отцепи Каталонија

Хавиер Тебас, претседателот на Шпанската фудбалска лига, изјави дека Барселона и Еспањол нема да може да играат во Примера дивизион во случај ако Каталонија прогласи независност.

Референдумот во Каталонија кој ќе се одржи на деветти ноември е една од главните теми во таа шпанска покраина.
„Барселона и Еспањол нема да може да играат во Лигата ако Каталонија стане независна, бидејќи според законот за спорт, во шпанските натпреварувања може да игра само еден тим кој е надвор од државата, а во овој случај тоа е Андора“, изјави Тебас за радио „Онда Серо“.
Тој додаде дека единствен начин да се промени тоа е нов закон, што веројатно би претставувало дополнителен проблем.
Еспањол и Барселона моментно се единствени каталонски клубови во Примера лигата, а во Сегунда се: Барселона Б, Сабадељ, Хирона, Љагостера.

Најнови вести