24.12.2013 Шервуд официјално менаџер на Тотенхем
Фудбалскиот клуб Тотенхем вчера го именува Тим Шервуд за нов менаџер, а соработката е договорена до крајот на сезоната 2014/15.
Шервуд беше привремено решение на клупата на лондонскиот клуб, по отказот на Андре Вилаш-Боаш пред седум дена, по дебаклот од Ливерпул со 5-0 во Премиер лигата.
Управата на Тотенхем одлучи да му покаже доверба на својот поранешен играч, иако на 44-годишниот Шервуд тоа ќе му биде прва тренерска работа.
Под негово водство Тотенхем во неделата како гостин го победи Саутхемптон со 3-2 и моментно го дели шестото место на табелата на Премиер лигата со 30 бодови. Првопласираниот Ливерпул има шест бодови повеќе.