19.11.2013 ЖРК Вардар во посакуваната група
Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар имаше среќа на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена и за противници во следната фаза од ракометната Лига на шампиони за жени ги доби Митјиланд, Савехоф и Туринген.
Вардарки се паднаа во најлесната и најпосакуваната од трите можни групи во втората фаза од Лигата на шампионите, а во неа силите ќе ги одмерат со Митјиланд од Данска, Савехоф од Шведска и Туринген од Германија.
Ракометарките на Кастратовиќ го избегнаа бранителот на титулата Ѓер од Унгарија, кој ќе игра во втората група заедно со Крим, Будуќност и Ларвик.
Натпреварите во втората групна фаза ќе се играат од први февруари до 16-ти март, а првопласираните две екипи од групите ќе ги формираат полуфиналните двојки.