Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2013

Адријан ја скрши јаболчната коска

Адријан, 25-годишниот напаѓач на Атлетико Мадрид, ја скрши јаболчната коска во дуелот во кој неговиот клуб го победи рускиот Зенит со 3-1, во првото коло од Лигата на шампионите.

Во отсуство на Диего Коста, Адријан го почна натпреварот во нападот со Давид Вилја, но мораше да излезе од игра во 79-тата минута откако прими силен удар во лице. Прегледите покажаа дека му е скршена јаболчната коска, поради што во текот на вчерашниот ден му беше извршена операција. Од клубот досега немаат објавено колку долго нивниот фудбалер ќе биде надвор од погон.
Адријан досега настапи во два натпревари за шпанската репрезентација, но оваа сезона е дури трет напаѓач во изборот на тренерот Диего Симеоне.

Најнови вести