Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2013

„Ел Конфиденсијал“: Меси ги навредува соиграчите

Кристијан Телјо, наводно, на еден тренинг на фудбалерите на Барселона се расплакал. Не успеал да ја поднесе навредата која му ја нанел Лионел Меси.

Понижувањето на соиграчите на натпреварите и на тренинзите, наводно, му преминало во навика на најдобриот светски фудбалер, објавено е на шпанскиот истражувачки портал „Ел Конфиденсијал“.
Шпанците пишуваат дека Меси на 22-годишниот соиграч во една прилика му рекол:
„Што работиш? Ти си никој и ништо. Додај ми ја топката бидејќи тука си да играш за мене“, наводно ова е изјавата на Меси која го потресла младиот крилен напаѓач, уште повеќе разочаран бидејќи никој од останатите авторитети во соблекувалната не го заштитил.
„Ел Конфиденсијал“ пишува дека играчите на Барселона навикнале на вакви слични испади на Меси и дека го игнорираат.
Според овој извор, жртва на тешкиот карактер на Аргентинецот бил и Алексис Санчес, кој дојде од Удинезе за 26 милиони евра.
„Толку си лош што не ми е јасно како можеш да бидеш толку скап. Гол не знаеш да постигнеш, затоа подобро додај ми ја мене“.
Иако објавениот материјал прилично е неверодостоен, инцидентите кои ги имаше Меси во текот на изминатите сезони со Давид Вилја, кој со него јавно се конфронтираше во текот на натпреварите обвинувајќи го повеќе пати за себичност и одбивајќи да му ја додаде топката во одредени ситуации, би можеле да фрлат ново светло на засега сè уште совршената репутација на Аргентинецот.

Најнови вести