13.8.2013 Сандерленд го доведе Челустка
Онджеј Челустка, чешкиот фудбалер и член на турскиот Трабзонспор, наредната година ќе игра на заем во англискиот премиерлигаш Сандерленд.
Челустка во претходните две сезони во турскиот прволигаш одигра 48 натпревари и постигна еден гол.
Овој 24-годишен одбранбен фудбалер своевремено беше член и на Славија од Прага и италијанскиот Палермо.
Челустка за младата селекција на Чешка одигра 18 натпревари.