Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2011

Лотито: Клозе и Сисе нè враќаат во горниот дом на Европа

Минатата сезона во италијанската Серија А фудбалерите на Лацио освоија 66 бодови и со тоа го зазедоа петтото место на табелата. Имаа еднаков број бодови со четвртиот Удинезе, но во квалификациите на Лигата на шампионите екипата, сепак, отиде надолу.

Но со тоа не потонаа амбициите на римскиот тим. Всушност, Лацио сака повторно да биде на врвот на италијанскиот, но отсега и на европскиот фудбал. Како најзвучни засилувања ги доведоа Германецот Мирослав Клозе и Французинот Џибрил Сисе. Иако станува збор за постари фудбалери, претседателот на клубот, Клаудио Лотито, има многу верба во нив, па дури се надева и на подобро утре.

„Двајцата фудбалери навистина ми даваат многу верба. Тие нас може да не вратат во горниот дом на Европа“, оптимистички рече Лолито, и додаде:

„Клозе е вистински професионалец, а Сисе фудбалер преполн со сила. Јас сум многу горд на тоа што од многуте понуди не избраа баш нас“.

Најнови вести