Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2013

Микел: Ќе играм во Галатасарај

Џон Оби Микел, фудбалерот на Челзи од Лондон, потврди дека кариерата ќе ја продолжи во турскиот Галатасарај.

„Веќе долго играм во Челзи и мислам дека сега дојде време да одам. Имам 26 години, а добив понуда од Галатасарај, кој ќе игра во Лигата на шампионите“, изјави Микел за турските медиуми.
Жозе Мурињо, повратникот на клупата на Челзи, неодамна му соопшти на Микел дека не смета на него, што на фудбалерот му помогна да се одлучи за трансфер.
Турскиот фудбалски гигант за оштета на Микел ќе мора да издвои меѓу седум и десет милиони евра.
„Верувам дека Челзи нема да прави проблем околу трансферот, а ниту мојата плата во Галатасарај не е проблем“, додаде фудбалерот од средината на теренот.
Со заминувањето на Микел, во средината на теренот во Челзи ќе остане празнина, која, како што наведуваат англиските медиуми, Мурињо ќе се обиде да ја пополни со Етјен Капу од Тулуз или со Даниеле де Роси од Рома.
Микел во Челзи дојде во 2006 година од норвешкиот Лин, а за „сините“ од Лондон одигра 277 натпревари и постигна два гола.
Нигериецот со Челзи ги освои: Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Премиер лигата, Лига купот и четири пати ФА купот. Микел за националниот тим на Нигерија одигра 38 натпревари.

Најнови вести