04.6.2013 Лео Баптистао замена за Фалкао во Атлетико Мадрид
Атлетико од Мадрид соопшти дека потпишал договор со Лео Баптистао, досегашниот напаѓач на Рајо Валјекано, за да го надомести заминувањето на Радамел Фалкао.
Атлетико соопшти дека бразилскиот фудбалер потпишал петгодишен договор, но не ги обелодени финансиските детали на договорот.
Баптистао во штотуку завршената сезона одигра 26 натпревари за Рајо Валјекано и постигна седум погодоци, пред да го пропушти завршетокот на сезоната поради повреда. Радамел Фалкао го напушти Атлетико и премина во францускиот Монако.