03.6.2013 Фиорентина го доведе Алонсо од Болтон
Маркос Алонсо, неодамнешен член на англискиот второлигаш Болтон, потпиша договор со Фиорентина.
Шпанецот ја помина младинската школа на Реал Мадрид, а единствениот официјален натпревар за кралскиот клуб го одигра во април 2010 година.
Многу поголема трага остави во дресот на Болтон, а за овој англиски тим минатата сезона 22-годишниот лев бек одигра 30 натпревари и постигна четири погодоци.
Финансиските детали на тригодишниот договор на Алонсо со Болтон не се соопштени.
Алонсо е второ засилување на „виолетовите“ за новата сезона, а претходно во клубот од белгискиот Андерлехт дојде украинскиот напаѓач Олександр Јаковенко.
Екипата на Фиорентина оваа сезона го освои четвртото место во Серија А и летово ќе се натпреварува во квалификациите за Лигата на Европа.