Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2013

Красиќ ќе го напушти Фенербахче

Српскиот фудбалер Милош Красиќ речиси е извесно дека го одигра својот последен натпревар во дресот на Фенербахче бидејќи ќе биде ставен на списокот за трансфер.

Красиќ претходните денови, по елиминацијата на својот клуб во полуфиналето на Лигата на Европа и поразот од Кајсериспор, се најде на удар на тренерот Ајкут Кочаман.
„Красиќ апсолутно не ги исполни нашите очекувања“, изјави Кочаман и додаде дека во разговорот пред реваншот со Бенфика му рекол на Красиќ да биде спремен за натпреварот, „Но, кај него не видов ниту енергија, а во многу наврати пред тоа говореше дека очекува многу поголема шанса“.
Според пишувањата на турските медиуми, Кочаман сакал Красиќ веќе да го избрише од екипата, но на барање на претседателот на клубот, Азиз Јилдирим, го оставил Србинот меѓу првотимците до крајот на сезоната. Меѓутоа, налето трансферот е извесен, а се шпекулира дека Фенербахче ќе истакне цена од пет милиони евра.
Красиќ во турскиот клуб стигна минатото лето од Јувентус за седум милиони евра и астрономска годишна плата од речиси три милиони. Од август до денес одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, но, во просек ,на теренот поминуваше 41 минута по натпревар. Постигна само еден гол и забележа две асистенции.

Најнови вести