Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2013

Анчелоти се разбесни по елиминацијата во Купот

Вчера вечерта фудбалерите на ПСЖ останаа без шанса за освојување на Купот на Франција оваа сезона откако во четврт-финалето, на гостувањето кај Евијан беа елиминирани по изведување на пенали.

По резултатот 1-1 во текот на 120 минути игра, домаќинот Евијан беше супериорен за време на изведувањето на пеналите и со вкупно 5-2 се пласира во полуфиналето. Пеналот на Златан Ибрахимовиќ го одбрани домашниот голман, додека втор трагичар на парижаните беше Тијаго Силва, кој за време на изведувањето на пеналот ја погоди стативата.
„Сите се виновни. Лут сум на секого посебно, па и на себе. И јас носам дел од вината“, луто изјави тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти, кого ова испаѓање целосно го дотепа.
„Можеме да изгубиме натпревар, но не смееме да играме без карактер. Ова е баш ужас, вистинска катастрофа. Ништо не направивме, ме разбирате, ништо. Немаше нормално додавање, немаше систематски напаѓања. Некои дури играа натпревар за себе. Ужас и катастрофа“, тоа се двата збора што најчесто ги повторуваше Анчелоти, кој додаде:
„Ова беше наш најлош натпревар во сезоната. Не можам да верувам во тоа што го видов. Кога сме фокусирани, тогаш одлично одигруваме и против Барселона, но ова... Ништо од ништо“.

Најнови вести