Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2013

Ето поради повреда на коленото ќе паузира три седмици

Самуел Ето, 32-годишниот напаѓач на рускиот Анжи и капитен на камерунската репрезентација, ќе паузира околу три седмици поради повреда на коленото.

Ето во саботната победа од 2-1 против Того во групата И на африканските квалификации за Светското првенство ги постигна двата гола за својата селекција, но се здоби со повреда на левото колено, поради која ќе мора да мирува околу три седмици.
Тоа е лоша вест за неговиот клуб Анжи, кој го зазема второто место во руското првенство, со седум бодови помалку од водечката ЦСКА Москва.
Селекцијата на Камерун е лидер на табелата на групата И со шест бодови од три натпревари. Следниот испит ќе го има на седми јуни во гости кај Того.

Најнови вести