22.1.2013 Аналитичарот на Анчелоти загина во сообраќајна несреќа
Ник Броад, 38-годишниот шеф на анализа во францускиот прволигаш ПСЖ, загина во сообраќајна несреќа во близина на Париз, објави клубот.
Броад беше член на стручниот штаб на тренерот Карло Анчелоти, кој го доведе со себе од Челзи. На „Стемфорд бриџ“ Англичанецот беше директор на спортските науки, а слична функција вршеше и на „Паркот на принцовите“, каде што со своите научни анализи на физичките можности и изведби на секој играч му помагаше на Анчелоти, како и на лекарската служба на клубот.
Броад кариерата во фудбалот ја почна како нутриционист во Блекбурн.
ПСЖ побара одложување на натпреварот од Купот на Франција против Тулуз, кој е закажан за утре, но Француската фудбалска федерација не го прифати тоа барање.