Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2013

Ривалдо потпиша за Сао Каетано

Бразилскиот второлигаш е новиот клуб на некогашниот најдобар светски фудбалер Ривалдо. Овој витален 40-годишен играч потпиша договор до крајот на годината.

Ова ќе му биде 14-ти различен клуб во неговата кариера долга неверојатни 23 години.
Претходно последен клуб му беше Кабускорп од Ангола, кого го напушти во ноември минатата година откако му истече договорот.
„Му благодарам на Бога што и на 40 години и понатаму имам шанса да продолжам да играм. Имав понуди од повеќе клубови, и тоа ме радува“, напиша Ривалдо на својот профил на „Твитер“, додавајќи дека 2014 година ќе ја заврши во клубот во којшто ја почна кариерата, Санта Круз од Ресифе.
Најдобриот период во кариерата на Ривалдо беше од 1997 до 2002 година, кога играше за Барселона. Во 1999 година ги доби наградите за најдобар играч на годината на ФИФА и Златната топка, а во 2002 година со бразилската репрезентација ја освои светската шампионска титула.

Најнови вести