Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2012

Фиорентина има проблеми со напаѓачите пред Сампдорија

Фиорентина во недела во рамките на 15 коло од италијанското првенство ќе ја пречека Сампдорија без тројцата главни напаѓачи.

Лука Тони уште не заздрави од лесниот потрес на мозокот кој го доби минатото коло по судирот со глава со одбранбениот фудбалер на Торино, Камил Глика.
Адем Љајиќ пред некој ден го повреди бедрениот мускул и ќе паузира две до три седмици, а Стефан Јоветиќ уште се мачи со повредата на мускулот на ногата.
Покрај напаѓачкото трио, „виолетовите“ во недела ќе бидат и без Алберто Аквилани и Микеле Кампорезе, па единствени офанзивни фудбалери кои тренерот Виченцо Монтела ќе ги има на располагање се Мунир ел Хамдауи, Мати Фернадес и Харис Сеферовиќ.

Најнови вести