Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2012

Бразилците го отпуштија Менезес

Првите луѓе на Фудбалската федерација на Бразил му дадоа отказ на селекторот Мано Менезес по состанокот во Сао Пауло.

Менезес репрезентацијата ја презема во 2010 година од Карлос Дунга и требаше да направи силен тим за Светското првенство кое во 2014 година ќе се игра во Бразил.
Селекторот доби отказ два дена откако Бразил на пенали ја победи Аргентина во Буенос Аирес и го одбрани јужноамериканското Суперкласико.
Менезес често беше критикуван заради слабата игра на „кариоките“ кои доживеаја неуспех на Копа Америка минатата година, како и на Олимписките игри во Лондон.
Како можен наследник на Менезес се спомнува поранешниот селектор на Бразил и на Португалија, Луис Фелипе Сколар.

Најнови вести