Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2012

Меси го престигна Пеле по бројот на постигнати голови

Лионел Меси, напаѓачот на Барселона, го престигна Пеле по бројот на постигнати голови во текот на една календарска година.

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата беше двократен стрелец во првенствената победа на Барселона во гости кај Мајорка (4-2) и досега постигна 15 голови оваа сезона, а вкупно 76 во 2012 година, еден повеќе од Пеле, кој во 1959 мрежата ја затресе 75 пати.
Пеле во текот на 1959 година постигна 66 голови за Сантос и девет за репрезентацијата на Бразил, а Меси досега во оваа година во дресот на Барселона противничката мрежа ја затресе 64 пати, додека за националниот тим на Аргентина постигна 12 погодоци.
Пред Меси на вечната листа на стрелците во една календарска година сега е само Германецот Герд Милер, кој во 1972 година постигна 85 голови.

Најнови вести