01.11.2012 Арсенал без Жервињо три седмици
Жервињо, 25-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ќе отсуствува од фудбалскиот терен три седмици поради повреда на глуждот, потврди менаџерот на екипата, Арсен Венгер.
Со повредата Жервињо се здоби во средбата од деветтото премиерлигашко коло против Квинс парк ренџерс минатиот викенд. Тоа значи дека ќе ги пропушти премиерлигашките натпревари против Манчестер јунајтед, Фулам и Тотенхем, како и средбата од Лигата на шампионите против Шалке.
Жервињо во досегашниот дел од сезоната со три погодоци е најдобар стрелец на Арсенал.
Освен овој напаѓач, саботното премиерлигашко дерби против Манчестер јунајтед ќе го пропуштат и Војќех Шченсни, Киран Гибс и Абу Дијаби, кои сите по ред се наоѓаат на листата на повредени фудбалери.