27.9.2012 Два натпревари суспензија за Ѓукиќ
Мирослав Ѓукиќ, тренерот на Валјадолид, нема да може да ја води екипата од клупата во наредните два натпревари од шпанската Примера лига.
Српскиот стручњак е суспендиран поради црвениот картон што го заработи во минатото коло против Атлетико во Мадрид.
Валјадолид мечот го изгуби со 2-1, а Ѓукиќ е исклучен поради жестокиот протест кај судијата, кога бараше да се досуди пенал за неговиот тим.
Тој ќе го пропушти натпреварот со Рајо Валјекано во шестото коло и со Еспањол, кој на програмата е за две седмици. Валјадолид по пет одиграни кола го зазема 13-тото место со две победи и три порази.