Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2012

Манџукиќ до крајот на неделава ќе потпише за Баерн

Два истакнати германски медиуми, дневникот „Билд“ и спортскиот магазин „Кикер“, вчера попладне објавија дека хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ е пред потпишување договор за Баерн Минхен.

Според „Билд“, трансферот би можело да биде реализиран уште оваа седмица и Манџукиќ би требало да потпише четиригодишен договор, до 30-ти јуни 2016 година, а би играл за годишна плата од 3,5 милиони евра. Кога е во прашање оштетата на неговиот досегашен клуб, Волфсбург, за договорот со важност до 2014 година, „Билд“ тврди дека таа би требало да изнесува околу десет милиони евра.
Спротивно на тоа, „Кикер“ споменува оштета меѓу 12 и 15 милиони евра, како и тоа дека Манџукиќ веќе се договорил со европскиот и германски вицешампион, па сега останува да се договорат уште претставниците на двата клуба.
Во Волфсбург Манџукиќ играше за годишна плата од 1,8 милиони евра, а до пролетва имаше волја да ја продолжи соработката. Работите се сменија откако неговиот менаџер Иван Цвјетковиќ побара покачување, што не му се допадна на Феликс Магат, тренерот кој во своите клубови секогаш има овластување на менаџер од англиски тип.

Најнови вести