Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2012

Полицијата го испитува и Буфон

Џиџи Буфон, капитенот на репрезентацијата на Италија и голман на Јувентус, е последен во низата фудбалери кои ќе бидат испрашани од полицијата во врска со најновата афера околу наместени натпревари.

Според италијанските медиуми, полицијата ќе го испита Буфон поради неговата изјава дадена по натпреварот од минатата сезона во Серија Б меѓу Сиена и Новара.
„Доколку два тима одиграат нерешено, тогаш тоа е нивна работа. Подобро двајца повредени, отколку еден мртов“, рече тогаш Буфон.
Роберто Ди Мартино, обвинителот од Кремона што ја води оваа истрага, изјавата ја нарече како погрешна интерпретација и го советуваше Буфон во иднина да не дава слични коментари.
Тренер на Сиена на споменатиот меч беше Антонио Конте, сегашниот стручен шеф на Јувентус.
Освен него, во најновата афера сослушани се и останати репрезентативци на Италија, како што се: Доменико Кришито, кој поради ова не патува на Европското првенство, потоа Леонардо Бонучи, дефанзивниот играч на Јувентус, додека уапсени се: Стефано Маури, капитенот на Лацио и поранешниот играч на Џенова, и Омар Милането.

Најнови вести