Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2012

Интер нуди девет милиони евра за бекот на Тулуз

За Франк Табану, поранешниот младински репрезентативец на Франција и фудбалер на Тулуз, Интер е подготвен ова лето да издвои девет милиони евра.

За да ја решат долгорочно левата бековска позиција, „нераѕурите“ имаат намера ова лето да пазарат во Тулуз и да го доведат дваесет и тригодишниот Франк Табану, а на сметка на француската екипа да уплатат сума во висина од девет милиони евра.
Интер во овој играч гледа еквивалент на Мајкон, кој оперира по десната страна, а клупските скаути него го следат повеќе од две години. Сега е донесена одлуката дека Табану, кој има договор со Тулуз до 2015 година, созреал за поголем клуб и посилна лига.
Оваа сезона во францускиот шампионат Табану трипати се запиша во листата на стрелците, а зад своето име запиша и пет асистенции, играјќи на позицијата лево крило, иако во Интер ќе му наметнат нешто поповлечена улога.

Најнови вести