Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2012

Магат во Волфсбург до 2015 година

Феликс Магат, педесет и осумгодишниот тренер на Волфсбург, е пред потпишување нов договор со клубот.

Сето ова беше потврдено за германските медиуми од страна на директорот на „волците“ Мартин Винтеркорн, додавајќи дека според новиот договор, соработката ќе трае до 2015 година.
„Останаа да се довршат само уште некои формалности, задоволни сме и среќни што го имаме во тимот“, изјави Винтеркорн.
Магат во 2009 година со Волфсбург стана шампион на Германија, а по сезона и пол мината на клупата на Шалке, се врати на клупата на „волците“. Актуелниот договор му има важност до летото наредната година.

Најнови вести