Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2012

Ролфс суспендиран

Симон Ролфс, капитенот на Баер Левркузен и репрезентативец на Германија, се соочува со својата прва суспензија во кариерата, откако на првенствениот натпревар против Шалке го удри младиот Јулијан Дракслер.

Главниот судија на мечот не го виде спорниот момент поради кој Дракслер мораше да го напушти теренот, но како што пренесуваат германските медиуми, на Ролфс му следува казна од најмалку еден натпревар врз основа на телевизиска снимка.
„Ова е чист црвен картон“, рече поранешниот германски судија Маркус Мерк, кој во моментов работи како спортски коментатор.
Ролфс, кој сезонава одигра дваесет и шест натпревари и не доби ниту еден жолт картон, по натпреварот му се извини на Дракслер.
„Немав никаква намера да го повредам, навистина жалам“, рече Рофлс.
Тој за германската репрезентација досега настапил на дваесет и шест натпревари и се очекува да биде во составот за Европското првенство во Полска и Украина.

Најнови вести