Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Одбојкарите, и младите кошаркари и ракометари, на пат кон европската елита

Денеска е „Денот Д“ за кадетската репрезентација во кошарка, а значајни дуели играат и ракометните јуниори и одбојкарскиот А тим на Македонија

Три македонски репрезентации во различни возрасни категории, денеска играат важни натпревари кои може да покажат колку се блиску до влез во европската елита во тие спортови. 
На ЕХФ шампионатот за ракометари до 18 години, кој се одржува во Тбилиси, Грузија, „црвено-жолтите“ јуниори од 17.15 часот играат полуфинале со Белорусија. Потребна е победа, за да играме финале и борба за пласман на елитното младинско ЕП 2020 година. Досега Македонија ги доби сите пет меча.
Од 18.30 часот во Сараево, кадетската репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) против Чешка има историска прилика да стане првата што освоила медал, макар и во Б дивизија. Досега само две македонски репрезентации играле полуфиналиња на големите натпреварувања (кадетите во 1997 и сениорите во 2011), но завршуваа како четврти. Ако кадетите слават над Чешка, вгодина Македонија ќе биде дел од елитното ЕП во оваа категорија. 
Нашите најдобри одбојкари, од 20.30 часот во СРЦ „Кале“, ја пречекуваат силната Украина, во битка за прв пласман на Европско првенство. После триумфот на гостувањето во Унгарија, сега за ривал имаме посилен противник, кој ако биде совладан, со право можеме да се надеваме на место во европската елита и дека ќе бидеме меѓу 24-те учесници на ЕП следната година. 

 

Најнови вести