Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Има 72-ца кандидати за шпанската репрезентација

Селекторот Енрике ужива во можноста да бира меѓу толку богат избор

Новиот шпански селектор, Луис Енрике, изјави дека на списокот на потенцијални кандидати за настап во дресот на „црвената фурија“ има дури 72-ца фудбалери и најави изненадувања во списокот. Енрике, кој функцијата ја презеде по завршувањето на Светското првенство, смета дека е привилегија да се биде селектор на земја во која има огромен број квалитетни играчи. 
„Проблемот е што имам 72-ца кандидати за репрезентацијата. Имам многу опции за комбинирање, и тоа ми се допаѓа. Не би сакал да кажувам имиња, бидејќи треба да видам кој во каква форма е, но сигурно е дека ќе има изненадувања“, изјави екстренерот на Селта и Барселона. 
Што се однесува до одлуката на Џерард Пике да не настапува веќе за Шпанија, селекторот вели дека не е изненаден. 
„Неговата одлука е конечна и тоа јасно го имаше кажано уште пред две години. Логично е да ја прифатам неговата одлука. Тој долги години мина во националниот тим“, додава Енрике.

 

Најнови вести